Контактни леќи за ноќна визија

Благодарение на својствата и карактеристиките на овој материјал, контактните леќи на база на графен, би можеле да ги заменат масивните уреди за ноќно гледање што денеска се користат.

Истражувачите од МИТ, развиле нов дизајн кој потенцијално може да се користи на комерцијално ниво. Новиот термален сензор што тие го создале е со дебелина од само еден атом со што се надминати ограничувањата што ги има сегашната технологија за ноќно гледање.

Со сегашните уреди за ноќно гледање не може да се опфати целиот опсег на инфрацрвената светлина, па затоа се потребни повеќе сензори, што ја зголемува   нивната величина и цена. Покрај тоа, за да можат да се видат топлотните слики на поголемо растојание, потребно е системот за криогено ладење ефикасно да ги отстрани пречките за да може на другиот крај да се создаде правилна слика. Со новите сензори на тимот од МИТ, истовремено се решаваат овие два проблеми. Се покрива целиот инфрацрвен спектар, а со интегрирањето на графенот со силиконски микроелектромеханички систем (MEMС) – се отстранува потребата од криогено ладење.

Тестирањата покажале дека со новите сензори може да се детектира термалниот сигнал на лице на собна температура, без да има потреба од криогено ладење. Со понатамошни усовршувања овој уред би можел да биде уште попрактичен. Оваа технологија која ја  користат пожарникарите, полицијата или војската, исто така може да биде многу корисна и во разни други области – од помош при разни катастрофи, па до проверка на уметничките слики. Но, оваа супериорна технологија за ноќно гледање би можела да биде многу значајна за автономните автомобили и да им овозможи да „гледаат“ во темница.

Истражувањето е објавено во списанието „Nano Letters“.

Поддржете ја нашата работа: