Контактните леќи кријат опасност од паразитски инфекции

„Acanthamoeba castellanii“ е паразитски организам кој се наоѓа во многу екосистеми низ целиот свет. Може да преживее во тешки услови во животната средина, па дури и во некои раствори за контактни леќи и да предизвика кератитис – воспаление на рожницата.

Инфекцијата со овој паразит предизвикува интензивна болка и оштетен вид, и може да доведе до слепило доколку не се лекува. Уште позастрашувачки е тоа што може да премине на нервниот систем и да предизвика грануломатозен амебичен енцефалитис– заболување на централниот нервен систем кое често резултира со смрт.

Како се добива?
Доколку леќите се изложени на вода додека пливате, или пак додека се бањате со топла вода, потоа доколку ги миете леќите со обична вода од чешма, или пак како резултат на слаба лична хигиена и несоодветна дезинфекција, се промовира раст на бактерии на леќите, на кои пак амебите се лепат и се размножуваат.

Инфекциите со овие амеби (не само во окото) се’ повеќе се јавуваат кај луѓето, особено кај оние со намален имунолошки систем како резултат на терапии против рак или ХИВ/СИДА.

Не постои вакцина, а сегашните лекови кои се користат не се доволни, имаат несакани последици и не функционираат добро во подоцнежниот стадиум на инфекцијата. Нови лекови не се развиваат, ниту за оваа, ниту за други запоставени паразитски болести од кои страдаат милиони луѓе низ светот. Развиени се контактни леќи третирани со антимикробен пептид, но потребни се дополнителни клинички испитувања пред луѓето да може да ги користат.

Совет: Секогаш мијте ги рацете и следете ги сите инструкции за употреба и правилно чување на леќите. Дезинфицирајте ги секој ден. За девојките – прво ставете си ги леќите, па потоа нанесете ја шминката за да избегнете контакт со моливчето за очи или маскарата.

Милиони луѓе користат контактни леќи и генерално, ризикот од кератитис, како и од други инфекции, со соодветната хигиена и нега е многу мал.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.