Корпа која сама го собира сметот од морињата

Проектот наречен „Сибин“ има за цел да ги очисти мороњата и океаните од отпад. Тоа ќе се врши со специјална пловечка корпа за смет која ја вовлекува водата во себе, го задржува отпадот и филтрираната вода повторно ја враќа во екосистемот.

Отпадот се вовлекува во корпата со помош на пумпа која создава проток на водата. Тој потоа се собира во вреќа која може да се замени кога ќе се наполни.

Производот е тестиран четири години и од истоимената компанија „Seabin“ истакнуваат дека во нивните корпи никогаш не се фатени риби, па од таа страна се безбедни за употреба.

Сибин корпите веќе се во употреба во разни пристаништа ширум Европа. Цената на оваа специјална корпа изнесува околу 2.500 фунти.

Погледнете како функционира

Поддржете ја нашата работа: