Во Истанбул се отвора најголемиот аеродром на светот, кој по завршувањето на работите до 2023 година, че има шест одделни писти, капацитет од 500 авиони, паркинг за 70.000 возила, со годишен план од околу 200 милиони патници.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го отвори новиот, трет аеродром во Истанбул, кој како што е најавено, за 12 години ќе биде најголемиот на светот, кога ќе биде целосно завршен.
Изградбата на овој мега-проект е проследен со проблеми околу правата на работниците, еколошките прашања и слабеење на турската економија.
Изграден е на европската страна на Истанбул, на 35 киломтери северно од градот, во округот Арнавуткои.
Новиот аеродром во Истанбул на брегот на Црното Море ќе им послужи на 90 милиони патници годишно во првата фаза.
Кога ќе биде целосно завршен за 12 години, ќе може, како што се тврди, да прими 200 милиони патници годишно, со слетување на авиони на дури шест писти.
Тоа е двојно повеќе од засега најголемиот аеродром на светот, Хартфилд Џексон во Атланта, САД.