Кралската стаклена градина во Брисел отворена за посетители

СПОДЕЛИ

Кралските стаклени градини во Брисел ги отворија вратите за да презентираат импресивна низа цвеќиња и растенија. Традиција е секоја пролет оваа локација да пречекува илјадници посетители во текот на три недели.

“Тоа не е само спектакуларен комплекс создаден од белгискиот архитект Алфонс. Зградите се зачудувачки, а во градината се наоѓа најуникатната, најубавата и најголемата колекција на цвеќиња и растенија што можете да ги видите”вели Патрик Ренол, портпарол на кралот Филип од Белгија.

Кралските стаклени градини се простираат на површина од 194 хектари. Традицијата да бидат отворени за посетители почна во минатиот век и оттогаш пречекуваат повеќе од 100.000 домашни и странски посетители годишно.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ
------- Донации -----------------------------------------------------------------------------BTC : 32CyCcnLh1wnLp5LqTm72BrWTsonxYtu7n --------------------------------------ETH: 0x5EB1a3010c339F794c2DA50Fd215Afc6B76334EA ----------------------------