Крема за бришење тетоважи

Луѓето, во споредба со ласерското отстранување на тетоважите, сега ќе можат безболно да ги избришат тетоважите кои повеќе не ги сакаат со едноставно триење на специјална крема, изјави Фолкенам за „CBC“.

За време на тетовирањето, се инјектира мастило во кожата. Ова предизвикува реакција на имунолошкиот систем и клетките, наречени макрофаги, се движат на местото на тетоважата за да го „изедат“ мастилото. Некои од нив го носат во лимфните јазли, додека некои остануваат заглавени ви кожата, при што ја формираат тетоважата.

Оваа крема ги таргетира овие „заглавени“ микрофаги полни со мастило со тоа што создава нови кои ќе ги „изедат“, со што всушност процесот повторно започнува од почеток и предизвикува тетоважата полека но сигурно да почне да избледува.

Фолкенам се’ уште не знае колку пати кремата ќе треба да се нанесе за тетоважата да исчезне, бидејќи се’ уште е во фаза на тестирање.

Ова не само што е побезбеден метод од ласерското отстранување, туку би требало и да е поевтин. Фолкенам проценува дека ќе биде отприлика 4 центи (околу 2 денари) на квадратен сантиметар, што  значи, за тетоважа голема 10 на 10 сантиметри, на пример, би чинело околу 4,5 долари ( околу 240 денари).

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt