Тетоважата која ја следи здравствената состојба

Паметните тетоважи веќе се користат за следење на здравствената состојба, но научниците сега за прв пат откриле метода со која луѓето сами можат да си ги испринтаат дома овие електронски тетоважи.

Еластичните нано тетоважи можат да се користат за достава на лекови, надзор на здравствената состојба или контрола на количината на испиениот алкохол.

Научниците користеле инк-џет печатач, со чија помош ги испечатиле црните линии кои можат да спроведат електрична енергија на нано хартија. Цела постапка може да се направи дома на собна температура без да биде потребна стерилна просторија.

Научниците од Универзитетот Васеда во Јапонија измислиле доста тенок слој на лист кој е поеластичен и пофлексибилен од другите полимерски нано листови и подобро прилепување на кожата. Листот има дебелина од 750 нано метри, што значи дека е 120 пати потенок од човечко влакно. Со негова употреба може да дојде до промени во изгледот на досегашните електронски уреди, како на пример рачните часовници.

Црните линии кои спроведуваат електрична енергија се поврзани со чипови и ЛЕД компоненти. Слојот од боја се придржува до кожата без потреба од лепило и се растегнува заедно со кожата. Самата постапка е едноставна и ефтина, бидејќи може да се направи од дома.

Научниците ја тестирале тетоважата на вештачка кожа и дошле до заклучок дека таа може да трае неколку дена. Ваквата технологија би можела да се користи не само во областа на здравството, туку би била корисна и за спортистите.

Поддржете ја нашата работа: