Кучињата навистина можат да ги препознаат нашите лица

Иако досега истражувањата за однесувањето на кучињата сугерираа дека тие можат визуелно да ги разликуваат лицата на луѓето, скенирањата со новата функционална магнетна резонанца  за прв пат покажаа дека кучињата имаат посебен дел во мозокот само за оваа намена.

„Нашите истражувања покажуваат дека кучињата имаат вроден начин за препознавање на лицата во нивниот мозок, а тоа е особина претходно забележана само кај луѓето и други примати“, изјавува главниот истражувач Грегори Бернс, невролог на универзитетот Емоти во САД.

Бернс го води проектот на универзитетот, и тие се првата истражувачка група која успеала да ги истренира кучињата доброволно да влезат и да седат мирно во машината за магнетна резонанца без употреба на никакви лекови и ограничувања. Тие веќе ја искористиле оваа неверојатна способност за да докажат дека кучињата го препознаваат мирисот на својот сопственик и дека тоа прави нивниот дел за награда во мозокот да се осветли кога ќе го помирисаат.

 


Сега, научниците покажаа дека нивните мозоци исто така реагираат на уникатен начин на човечките лица во споредба со секојдневните предмети. За да го откријат тоа, тимот им покажувал на кучињата фотографии и видеа од човечки лица, лица на кучиња и некои одредени предмети и научниците следеле како ќе реагираат нивните мозоци.

Ова бил голем предизвик, бидејќи кучињата обично комуницираат со „2D“ слики, па истражувачите мораа прво да ги научат кучињата да гледаат во екранот најмалку 30 секунди во една слика за тие да имаат време да ја набљудуваат нивната нервна активност.

Само 6 од вкупно 8 кучиња успеале да ја завршат задачата, но резултатите биле јасни – кога кучињата ја гледале снимката со човечки лица или лица на други кучиња, еден дел кај слепоочниците бил осветлен значително повеќе отколку кога гледале видеа од секојдневни предмети.

Доколку кучињата не еволуирале, туку едноставно научиле да го препознаат човечкиот лик, асоцирајќи го ликот на сопственикот со храна – би се очекувало да се осветли и делот за награда во мозокот. Но, тоа не се случило.

Резултатите, објавени во „PeerJ“, се ограничени поради малиот број на кучиња кои се испитани, но Бернс и неговиот тим претпоставуваат дека можеби препознавањето на лицето е клучна способност за какво било животно или пак група на животни, како што се и луѓето, приматите и волците. И во иднина се надеваат дека ќе откријат повеќе за тоа како оваа вештина еволуирала.

 

Поддржете ја нашата работа: