3Д печатено засолниште за на Марс

Има неколку интересни дизајни, но една екипа од Франција или не го доставила својот дизајн на време, или не била поканета (Некои екипи тврдат дека само на американски тимови им било дозволено да се пријават на натпреварот, иако тоа не се споменува во правилата).

Како и да е, дизајнот на оваа француска куќа (која наликува на меур) е неверојатен. Куќата е наречена „Сферо“, како комбинација од зборовите „сфера“, „железо“ и „вода“ (Sfero = sphere, iron and water).  

Изградбата би започнала со долга шипка која ќе направи дупка во земјата и од која ќе се прошируваат две роботски раце. Едната рака ќе ги зема и ќе ги сортира материјалите од површината, а другата ќе гради купола. Куќата ќе биде делумно закопана под земја и само горниот кат ќе биде на површината. Таму, астронаутите би можеле да си направат затворена градина или да го искористат како простор за работа. Долните катови би служеле за спиење, со тоа што сите би биле поврзани со спирални скалила.

 


Надворешните ѕидови би биле направени од две школки меѓу кои ќе има вода (стопена од замрзнатата почва) и ќе служи како бариера за радијацијата.

Тимот препорачува оваа структура да се изгради во кратерот Гејл, каде што е познато дека има големи депозити на железо.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt