Куса историја на хомосексуалните бракови

  И оние кои со закон ги имаа забрането, сега се обврзани да ги признаат и дозволат истополовите бракови. Тоа донекаде беше очекувано, бидејќи во последниве години ставовите на Американците во однос на хомосексуалноста драматично се менуваа (37% во 2009, 57% во 2015). Секако постојат деморафски разлики во подржувачите – националност, возраст, религиска припадност. Религијата се’ уште е најголемиот фактор против хомосексуалноста.

Одлуката лежи во делот на толкување на 14-тиот амандман, во која се наведува дека ограничувањето на бракот само за хетеросексуалните двојки го нарушува правото за еднаква правна заштита.

Свесни дека ова е огромна тема за дискусија, која вклучува мал милион фактори, во овој момент решивме само да издвоиме неколку факти за истополовите/хомосексулните бракови, односно за тоа каков став имаат земјите од цел свет во однос нивната легализација.

  • Холандија е првата земја која ги легализира истополовите бракови во 2001 година.
  • Почнувајќи од 2014 година, повеќе од 13 земји ги легализираа истополовите бракови. Меѓу нив се Јужна Африка, Белгија, Данска, Шведска, Канада, Франција и Шпанија.
  • Масачусетс беше првата држава во САД  која ги легализира истополовите бракови во 2004 година. Почнувајќи од 2014 година, следеа 20 држави: Ајова, Вермонт, Мејн, Њујорк, Конектикат, Вашингтон, Мериленд, Њу Хемпшир, Орегон, Калифорнија, Њу Мексико, Минесота, Ајова, Илиноис, Индијана, САД, Хаваи, Род Ајленд, Делавер, Пенсилванија и Вашингтон.
  • Во 2012 година, американскиот претседател Барак Обама влезе во историјата на САД, со изјавата: „Мислам дека двојките од ист пол треба да бидат во можност да стапат во брак. Замолете ги вашите пријатели и други општествено влијателни лица да ја покажат својата поддршка за правата на ЛГБТ“
  • Советскиот сојуз во 1934 година го прогласи одржувањето на хомосексуални заедници и врски за криминално дело. Постсоветска Русија ја укина забраната во 1993 година, но правата на хомосексуалците и понатаму се спорна тема во Русија.
  • Аљаска и Хаваи беа првите држави кои со закон ги забранија истополовите бракови во 1998 година.
  • 16-те држави ги забранија истополовите бракови, некои со уставни амандмани, некои со закон.
  • 7 држави обезбедуваат поголем дел од сопружничките права на невенчаните двојки во домашни партнерства, вклучувајќи ги Калифорнија, Невада, Орегон, Вашингтон, Хаваи, Мејн и Висконсин.
  • Во 2013 година, Врховниот суд модифицираше акти од законот за брак (DOMA) кој ги дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена, и изјави дека федералната влада ќе признае бракови од ист пол како легални.
  • Во многу земји, како што се Судан, Иран и Саудиска Арабија, геј луѓето можат да бидат казнети со смртна казна.
  • Иако истополовите бракови не беа легални до 2000-тите, двојките од ист пол се венчаваа во телевизиски емисии во 1990-тите. На пример, во  серијата „ Пријатели”  имаше лезбејска свадба во 1996 година.

Тимот на Енаука се оградува од било какви активности ЗА или ПРОТИВ хомосексуални бракови во Р. Македонија.

Поддржете ја нашата работа: