Дали лошите момци се попривлечни?

Има нешто во „лошите момци“ со цигара во една рака и пиво во другата рака што ги прави неодоливи за жените, а едно ново истражување открива и зошто е тоа така.

Според ова истражување, многу жени сметаат дека мажите со вакво „ризично“ однесување се многу сексуално поотворени и попривлечни за возбудлива краткорочна авантура. Сепак, кога се работи за партнер за долгорочна врска, се чини дека добрите момци сепак имаат предност.

За потребите на истражувањето, кое беше објавено во списанието „Evolutionary Psychology“, Евелин Винке од Универзитетот Гент во Белгија интервјуирала 239 жени на возраст помеѓу 17 и 30 години. На жените им биле претставени 10 профили на мажи со различно однесување. Жените требало да одговорат со кој тип на маж би имале краткорочна врска (на пример за една ноќ), а со кој за долгрочна врска (брак).

Резултатите покажале дека за повеќето од жените што учествувале во истражувањето, за краткорочни сексуални врски поатрактивни биле мажите кои повремено или редовно пијат и пушат, додека за долгорочна врска поатрактивни биле мажите кои биле портретирани како непушачи и кои умерено или воопшто не пијат алкохол.

how-to-smoke-a-cigar-940x587Според Винке, објаснувањето за ваквото однесување на жените е поврзано со еволуцијата. Пред постоењето на напредните средства за контрацепција, сексот за жената секогаш се поврзувал со неизбежна серизна одговорност за бременоста и одгледувањето и воспитувањето на детето најмалку до негова 18-годишна возраст. Затоа жените секогаш биле селективни во однос на изборот на партнер за долгорочна или краткотрајна врска. Жените преферирале различни карактеристики кај мажите, во зависност од тоа колку долго сакале врската да им трае.

„Кога бараат партнер за долгорочна врска, жените преферираат мажи кои се подготвени и имаат капацитет да се грижат за децата“- вели Винке. Ова објаснува зошто жените ги привлекуваат внимателни и физички силни мажи, особено мажи кои имаат средства и статус, кога бараат потенцијален сопруг.

Сепак, Тристан Бриџис, професор по социјалогија на Универзитетот Брокпорт во Њујорк, вели дека научните докази кои ја поддржуваат тезата дека „опасните“ мажи се попривлечни за жените се однесува на раните цивилизации и нема вистинско значење во модерното општество.

„Нашите сексуални желби се обликувани од општеството во кое сме израснале. Ако мажите со ризично однесување во нашето општество се „сексулизирани“, тоа има повеќе врска со родовата нееднаквост во нашата култура, отколку со биологијата или со полот“- вели Бриџис.

US movie star Johnny Depp removes  his sunglasses as  he poses for the press at the Festival Palace in Cannes on Friday May 15, 1998. Johnny Depp  stars in US director Terry Gilliam movie "Fear and loathing in Las Vegas" which will be screened today to the jury of the International Cannes Film festival.(AP PHOTO/Laurent Rebours)

Независно од кои причини „лошите момци“ се попривлечни за жените, ова истражување сугерира и дека мажите се потполно свесни за ова и дури ја користат оваа предност како дел од стратегијата „за остварување на краткотрaјни врски“. На пример, некои мажи пушат само во неформалните дружења, со цел да ја зголемат нивната сексуална привлечност.

Поддржете ја нашата работа: