Не ја мешајте марихуаната со тутун

Со порастот на бројот на држави кои ја легализираат и декриминализираат употребата на марихуана за лична употреба, научниците советуваат, корисниците да не ја мешаат со тутун со цел да ја направат помалку штетна за здравјето.

Алмир Енглунд од Кралскиот колеџ во Лондон, смета дека поради порастот на потрошувачката на канабис, потребно е да се намали негативниот ефект на здравјето и поцрврсто да се регулира нејзината употреба – одредување на границата на дозволена јачина на марихуаната и интервенција во хемискиот состав.

Тешко е точно да се одреди видот на марихуана кој се користи и во која количина, бидејќи достапните податоци се базираат само на марихуаната која ја има запленето полицијата, но се претпоставува дека во последните 40 години марихуаната двојно се зголемила и на црниот пазар доминираат повеќе видови.

Во последните осум години,бројот на луѓе кои посетуваат лекар поради проблеми поврзани со употребата на канабис се зголеми за 50%, а само тојподаток е доволен за покревање на иницијатива во здравствениот состав со кој марихуаната би се направила помалку штетна.

Научниците сметаат дека легализацијата на марихуана ќе ги намали криминалните активности, но не и бројот на корисници.

“Многу земји прават измени во законот, правејќи ја марихуаата достапна. Не сме сигурни дали легализацијата ќе доведе до помал број на корисници или само дополнително ќе го зголеми проблемот, но знаеме дека постојат ранливи групи”, вели Енглунд.

Главните состојки на канабисот се THC (делта-9-тетрахидроканабинол) и канабидол (CBD). THC е одговорен за чувството да биде на високо ниво, а конзумирањето на високи дози може да го зголеми ризикот од психоза. Од друга страна, постојат докази дека CBD може да ги намали негативните ефекти на THC, како што се губиток на меморија и параноја, но неговите количини се често минимални.

Една од препораките на научниците е да се зголеми количината на CBD со цел да се намали ризикот за менталното здравје. “Понекогаш не можеме да чекаме на резултатите од бројните студии кои ќе ни овозможат цврсти докази за ефектот од овие состојки, па можеме да им веруваме и на посиромашни студии кои ќе го донесат најдоброто решение. Ние сме прилично сигури дека високите дози на THC се штетни, а CBD може да го намали неговиот негативе ефект барем до некое ниво, “изјави Енглунд.

Подоцна оваа година, Енглуд ќе спроведе студија во која ќе се потруди да дознае дали различните врсти на CBD можат да го намалат ефектот на THC.

Поддржете ја нашата работа: