Лошо ли е да се биде „сингл“?

Независно што вели општеството, да се биде „сингл“ (немажена/неженет), воопшто не значи дека тоа мора да биде лошо. Всушност, истражувањата покажуваат дека за некои луѓе дури е и подобро да бидат сами отколку во пар, бидејќи од тоа може да имаат повеќе корист отколку да се во брак.

При една неодамнешна презентација на Американската асоцијација на психолози, психологот Бела Де Паоло од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, изнела докази дека лицата што се сингл може да имаат побогат и поисполнет живот од оние што се во брак.

Една од студиите која ја цитирала Де Паоло, покажува дека луѓето што се сингл најчесто имаат поблиски релации со своите родители, со браќата и сестрите, со пријателите, соседите и колегите од работа. Вообичаено за лицата што се сингл се смета дека се осамени и изолирани, меѓутоа тие најчесто се многуповеќе интегрирани од луѓето што се во брак.

Една друга студија покажала дека луѓето што живеат сами имаат поизразено чувство за самоопределба и покажуваат континуиран развој и напредок како личности. Учесниците кои биле сингл почесто биле посигурни во своите мислења и приоритети од тие кои биле во брак.

ДеПаоло сега води сопствено истражување на оваа тема, со надеж дека ќе го урне стеретипот дека луѓето што се сами на некој начин се помалку вредни од оние кои се во брак.

hqdefault

И покрај предностите од тоа да се остане сам, ДеПаоло не тврди дека едниот стасус е подобар од другиот:

„Се повеќе луѓе се одлучуваат да живеат живот што најмногу им одговара. Не постои еден модел за добар живот. Не е важно што прават другите или што мислат другите дека ние треба да правиме, важно е тоа дали можеме да го најдеме своето место, својот простор и луѓе кои се вклопуваат во тоа какви сме ние навистина и ни овозможуваат да живееме најдобро што можеме“- вели ДеПаоло

Сепак, заедно со бројните предности што ги имаат, луѓето што се сами се соочуваат и со голем број уникатни предизвици, незвисно дали се сами по сопствен избор или од некоја друга причина.

Немажените жени покрај тоа што често мора да се борат со едно тотално нефер клише – дека се дами што живеат со мачки наместо со маж, тие исто така немаат пристап до голем број (државни) бенифиции, најчесто финансиски, кои ги уживаат луѓето само затоа што се во брак.    

Дури и самите истражувања се лимитирани во начинот како ги отсликуваат луѓето што се „сингл“. Во текот на својата подготовка, од огромниот број на статии кои се однесувале на бракот, ДеПаоло анализирала 814 студии во кој бил употребен терминот „никогаш не бил во брак“. Поголемиот број дури воопшто не се занимавале со лицата што се „сингл“ туку тие биле користени само како контролна група при истражувањата наменети за работи поврзани со  бракот, истакнува Де Паоло.

Не може да се негира дека ДеПаоло е пристрасна кога се работи за предностите да се биде сингл, бидејќи како што изјавува таа за „The Independent“ –„Секoгаш била и ќе биде сингл“ и дека се потребни понатамошни истражувања што ќе помогнат да се надминат стереотипите. Меѓутоа и покрај ограничениот број на истражувања досега, доказите покажуваат дека да се биде сингл во никој случај не значи дека не може да имате исполнет живот.

Ова е 21-век – живејте го животот како вам ви е најдобро.

Истражувањето е презентирано на 124-тата годишна конференција на ериканската асоцијација  на психолози.

Поддржете ја нашата работа: