Лабораториски тест кој може да го носите на вашата кожа

Тековните фитнес траки може да ви кажат колку чекори сте направиле или дали сте го постигнале посакуваното отчукување на срцето. Но, новиот монитор за пот кој е во развој може да ви каже дали ви треба вода и надополнување на вашите електолити.

Оваа флексибилна лепенка, чиешто создавање било предводено од истражувачи од Универзитетот во Илиноис, се прикачува на вашата подлактица или долниот дел од грбот за да го мери нивото на електролити и гликоза, нивото на потење и многу повеќе. Во основа, преставува лабораториски тест кој може да го носите на вашата кожа.

Работи со тоа што ја впива потта и ја канализира преку ситните капилари до четирите кругови во ценарот на уредот. Секој круг содржи ензими кои реагираат на гликоза, лактат, хлориди и pH нивото, со што сите можат да покажат дали го преоптоварувате вашето тело. Круговите ја менуваат бојата како што ја тестираат вашата пот. Потоа апликација на вашиот паметен телефон ќе ја искористи вашата камера за да ги анализира боите, определувајќи ја содржината на вашата пот.

sweat sensor

Истражувачите ги тестирале овие монитори за пот на група на велосипедисти како и на 12 волонтери кои возеле на отворено во „Ел Тур де Тусон“ во Аризона. Тестовите покажале дека тие остануваат залепени и може да ја вршат својата работа во реални ситуации, но тимот се’ уште работи на интерфејсот кој ќе им помогне на корисниците да ги интерпретираат податоците за бојата.

Лепенките се дизајнирани да бидат ефтини и за еднократна употреба.

Џон Роџерс, автор на студијата, вели дека воздухопловната база Рајт – Петерсон и „водечкиот снабдувач на спортски пијалоци“ во моментов работат на испитување на уредот, додека пак „Popular Science“ побарале повеќе детали за тоа.

Во меѓувреме, се шпекулира што овие експериментирања може да истражуваат. Овој уред може да се користи во спортските и воени обуки, односно со други зборови, лепенките може да се во можност да предупредат еден спортист или војник дека е блиску до преоптоварување, пред да биде премногу касно за да се преземе нешто за тоа.

Овие лепенки, најверојатно, нема да бидат подготвени за неколку години, но може да најдат купувачи на пазарот. Веќе постојат трагачи на пот кои се носат на зглобот на раката, но овие лепливи сензори може да се покажат како поуспешни во спортови каде е потребно зглобовите да бидат слободни, како што се на пример боречките вештини, одбојка и кик – бокс.

Поддржете ја нашата работа: