Ласерка базука направена во гаража

Дрејк Антони изработува ласерски оружја, односно уреди во облик на оружје кои користат ласери. Претходно изработи ласерска пушка од 30 вати, а сега на неговото најново видео можеме да ја видиме неговата најнова ласерска базука од 200 вати.

200 вати е прилично многу за еден ласер. Како што Антони ни објаснува во видеото, максимално е дозволено 0,5 вати за еден ласерски покажувач, за да не ги оштети очите. Затоа тој носи заштитна маска и очила, за случајно да не се заслепи. На видеото можеме да видиме како овој ласер брзо пука балони, пали барут и гори картонска кутија.

Но, овој ласер не е ни близу до јачината на 30 киловатниот ласер кој морнарицата на САД веќе го користи, или 150 киловатниот ласер кој планира да го тестира наскоро. Овие поморски ласери се направени за да горат низ беспилотните летала (дронови) и проектили. Ако Антони сака да ги достигне, ќе мора да изработи уште помоќни ласери од ова. Но, и неговите ласери не се за потценување. Погледнете!

Поддржете ја нашата работа: