Лекот за депресија се крие во нашите гени

Сè што не е холистички пристап во лекувањето на депресијата денес е маргинално за третирање на пациенти, а одговорноста треба да ја сносат лекарите, вели професор Ли Ен Вилијамс од лабораторијата на Универзитетот Стенфорд. Таа за откривање на депресијата, одредување на нејзиниот вид и терапија користи скенови од мозокот, крвна слика и анкети кои ги пополнуваат пациентите.

“Депресијата може да биде фатална, а барањето на алтернативни лекарства е лоша идеја, особено со целата технологија што ја имаме на располагање”, вели Вилијамс, и ја нагласува важноста на индивидуалниот пристап, бидејќи секој мозок е приказна за себе.

“Депресијата денес ја поврзуваме со воспалителни процеси во телото. Тестовите од крв покажуваат јасна врска помеѓу двете работи, но тоа не е една унифицирана болест, туку депресијата се развива на многу начини и мора да се третира соодветно, а не генерички, сите на еден начин”, вели Кармине Паријанте од Кралскиот колеџ во Лондон.

Spring Health, стартапот од Њу Јорк, секој пациент поединчно го испитува за симптомите на депресија и историјата на болеста, потоа со помош на алгоритми препорачува терапија и дозирање.

Генетските информации им помагаат на лекарите да одредат како еден организам ќе реагира на лекувањето, и дали ќе се појават одредени несакани ефекти.

Вилијамс вели дека веќе постои лек, но на него реагираат амо 5% од пациентите. Кои се тие пациенти може да се одреди само преку генетско тестирање, а и самата психотерапија се креира според низата тестирања на кои пациентите поминуваат.

“Многу третмани денес се засноваат на мислењата на пациентите, она што кажува пациентот со кој лек се чувствува најдобро, или на лекување со таблети кои се наоѓаат на најкратката листа на чекање. Тоа не се темели на научни докази”, вели Вилијамс.

Во последното клиничко испитување на кое работела професор Вилијамс, биле вклучени околу 320 лица кои страдале од депресија поделени на 4 групи. Првата група добивала електростимулација, втората лекови кои го таргетираат нивото на допамин, а третата конвенционални антидепресиви.

Четвртата група била лекувана со кетамин. Таа вели дека скенирањето на мозокот помага за 70% точно да се одреди на која од понудените терапии пациентот најдобро ќе реагира.

Едно од ограничувањата, како и обично се парите. Скенирањето како и генетските тестирања чинат огромна сума на пари. Вилијамс е свесна дека сите не можат да си приуштат скен на мозок, но се надева дека и другиот дел од истражувањето на пациентите ќе им овозможи полесно лекување.

Поддржете ја нашата работа: