Сеуште не шетаат клонови помеѓу нас, меѓутоа овцата Доли сеуште допринесува за нови истражувања

СПОДЕЛИ

Пред дваесет години, научниците од Рослин институтот во Единбург ја претставија најпознатата овца во историјата. Дошла на свет седум месеци порано и била првиот цицач, клониран од клетки на возрасна овца. Наречена е по кантри пејачката Доли Партон.

Нејзиното раѓање ги исполнувало страниците на медиумите, во кои се пишувало дека Доли, овцата која пасе Шкотска трева ќе биде предвесник на иднината во која ќе биде можно да се клонираат луѓе. Предвидувањата вклучувале дури и војска од клонови, луѓе кои ќе дојдат на свет да им се земат органи за трансплатација за мртвите да воскреснат во Петриеви садови.

Таа иднина, всушност никогаш не се случи. Една од причините е етичка, иако сме скоро блиску до клонирањето на луѓе, не сме ни малку блиску до договорот дали тоа треба да се случи. Освен неколку исклучоци во создавање на глувци и стаорци за лабораториски истражувања, клонирањето на животни и не е баш многу корисно. Важноста на овцата Доли се истражувањата за кои допринела за спасување со матични клетки на повеќе животни отколку за клонирање или донирање на органи.

Шинија Јаманака, биолог од Јапонија, која се занимава со матични клетки е една од оние кои биле инспирирани од раѓањето на Доли. Доли е доказ дека е возможно менување на експресија на гени со замена на еден нуклеус со друг. Јаманака го усвоила процесот на трансформирање на возрасни човечки клетки во матични кои можат да созреат во многу различни видови на клетки.

Клетките се создадени со техника на Јаманаки, познати се под називот индуцирани плурипотентни матички клетки кои им овозможуваат на научниците да истражуваат матични клетки кои даваат шанса за живот без потпирање на строго контролирани, етички сомнителни матични клетки на човечки ембриони.

Повеќето матични клетки кои денес се користат се направени со техниката на Јаманаки. Денес со таа техника се репрограмираат клетки со цел спречување на болести и стреење. Јаманаки во 2012 година ја подели Нобеловата нагреда до Џон Гурдон, кој 50 години пред тоа го клонирал првиот животински ембрион користејќи матични клетки на возрасна единка.

Ембрионоит на жаба имал иста ДНК како возрасната жаба, со што Гурдон покажал дека е возможно да се спречи стареење.

Доли е еутанизирана на 14 Февруари 2003 година на возраст од шест години, и е поставена за изложба во Националниот музеј во Шкотска.

 

Дискусија

Коментари