Научници успеаа да развијат ембриони кои содржат комбинација на човечки и свински матични клетки уште од првиот чекор на долгиот пат за развој на човечки органи во телата на животните.
“Истражувањето уште во рана фаза се покажа потешко отколку што се очекуваше. Ова е навистина важен чекор“, вели водечкиот автор на студијата Хуан Карлос Изписуа Белмонте, професор на Институтот за биолошки истражувања во Калифорнија.
“Крајната цел е да се развијат функционални човечки органи за трансплатација, но ние сме сеуште далеку од тоа”, објаснува тој.
Научниците вградиле возрасни човечки матични клетки во свински ембриони и оставиле да се развиваат четири недели. Ембрионите ги уништиле пред да може да излезе било каква комбинација помеѓу човек и свиња, а истражувањата пред уништувањето покажале дека човечки клетки почнале да се создаваат во мускулното ткиво на свинските ембриони.
Поради исклучително комплексната природа на експериментот, тој траел четири години во кој биле вклучени 1.500 свински ембриони.
Обидот за создавање човечко-животински ембриони предизвикува многу контроверзни и етички прашања, особено откако се покажало дека теоретски е возможно да се создадат животни со човечки квалитети, а возможно е и со човечка интелигенција.
Научниците велат дека нивото на придонес на човечки матични клетки во овој експеримент било многу ниско и не вклучувало мозочни клетки.
Научниците се надеваат дека во иднина ќе можат да развиваат функционионални органи и ткива кои ќе се користат за трансплантација.