Леталото Касини ќе се урне на Сатурн

Во септември 2017 година – речиси 20 години после неговото лансирање, леталото Касини ќе се урне на Сатурн, жртвувајќи се себеси за да открие дали некоја од месечините на овој „прстенест“ џин е погодна за живот.

Откако влезе во орбитата на Сатурн во 2004 година, Касини направи илјадници извонредни фотографии од планетата со нејзините прстени и месечини. За време на две продолжени мисии, леталото откри нови структури во прстените и вршеше детална опсервација на временските услови.

Едно од неговите најзначајни откритија беше дека малата заледена месечина Енцелад исфрла водена пареа во вселената. Тоа укажува дека месечината има подземни океани каде може да има услови за живот.

Затоа Касини мора да се жртвува. И покрај сите напори, леталото ќе остане без горива следната година. Ако се урне на Енцелад, може да ја контаминира месечината или со остатоците од горивото или од микроорганизмите пренесени од Земјата. За да се избегне ова, Касини ќе се урне во мисија која соодветно на настанот се нарекува „Големото финале“.

Прво, Касини ќе се издигне на височина од милион километри над северниот пол на Сатурн и ќе се сруши на неговиот најоддалечен прстен – Ф-прстенот. Потоа ќе „потоне“ помеѓу внатрешните прстени и планетата, собирајќи примероци од честичките што излегуваат од прстените во атмосферата и ќе мери колку прашина и мраз тие содржат.

После ова, Касини ќе направи 22 свртувања низ овој регион кој досега не бил истражуван. Секое свртување ќе трае шест дена и за тоа време ќе прави мапирање на гравитацијата и магнетното поле на Сатурн, со што ќе овозможи одреден увид во неговата внатрешност.

На крај, Касини ќе се урне во горната атмосфера на Сатурн и ќе се запали, но ќе испраќа податоци до последните моменти од свјот живот.

Поддржете ја нашата работа: