Лифт до вселената

Канадската компанија „Thoth Technology“ патентираше лифт висок речиси 20 км. кој ако некогаш се изгради, драстично ќе ги намали трошоците за транспорт на луѓе и товар во вселената.

Кулата ќе се состои од делови „на дување“ чија цврстина ќе се одржува со помош на гас под притисок и ќе биде 20 пати повисока од Бурџ Халифа во Дубаи која во моментов е највисоката зграда во светот.

Астронаутите ќе се искачуваат до врвот на кулата со помош на електричен лифт, а вселенските летала ќе се лансираат од врвот и ќе се враќаат на врвот за да наполнат гориво. Компанијата верува дека на овој начин ќе се заштеди повеќе од 30% од горивото кое се користи за напојување на конвенционалните ракети и дека патувањето во вселената ќе наликува на патување со авион.


Всушност, концепотот за вселенски лифт не е ништо ново. Рускиот вселенски пионер Константин Циолковски уште во 1895 година ја предложил идејата за изградба на кула, доволно висока за да ја достигне геостационарната орбита – точката во вселената каде што сателитите орбитираат со иста брзина како ротацијата на Земјата, така што остануваат на едно место над површината на Земјата. Тоа би значело дека кулата треба да биде висока 35 илјади км. што во моментов е невозможно бидејќи нема достапен материјал кој би издржал толку висока кула.

Поддржете ја нашата работа: