Лили е дрон што може да ве следи, да ги документира сите ваши авантури во HD видео, и сето тоа го прави на забавен начин. Не се потребни посебни подесувања, ниту искуство со пилотирање за употреба на Лили. Доволно е само да ја фрлите во воздухот и автоматски ќе полета. Дронот (квадрикоптер) е опремен со вградени сензори кои детектираат кога леталото се наоѓа во слободен пад – само не заборавајте да го наполните. Кога ќе завршите со користењето, беспилотното летало нежно ќе слета во вашата дланка.
Лили е опишана како првата „фрли и сликај“ камера во светот. Дополнително има и уред за следење кој истовремено служи како микрофон. Лили лета со брзина до 25 километри на час и лебди околу 5 метри над вашата глава, и покрај тоа што може да достигне височина од 100 метри. Лили автоматски синхронизира видео и аудио. И секако, дронот Лили е водоотпорен.
Преку целосно интегрирани „Андроид“ или „iOS“ апликации, корисниците може да му наредат на дронот да снима од позади, од страна или во предниот дел на таргетираниот субјект.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























