Досегашните истражувања за Зика вирусот беа фокусирани на ефектите што ги има врз развојот на мозокот на фетусот и мерките што треба да ги преземат бремените жени за да се заштитат од инфекцијата.
Но сега во списнието Cell Stem Cell , беше објавена првото истражување , направено на глувци како модели , во кое се документирани ефектите што Зика вирусот ги има врз мозокот на возрасни.
Истражувањата покажале дека некои неврони кај возрасните можат да бидат подложни на инфекцијата.Тоа се нaјчесто неврони кои служат да ги заменат изгубените или оштетени нерви во возрасниот мозок , но овие неврони можат да бидат и многу важни за учењето и меморијата.

„Ова е првото стражување што ги разгледува ефектите на Зика инфекцијата врз возрасниот мозок.Врз основа на нашите наоди Зика инфекцијата кај возрасни не е така безопасна како што мислат луѓето“– вели во извештајот Џозеф Гласон , еден од авторите на студијата и асистент –професор на Универзитетот Рокфелер.
„Зика очигледно може да навлезе во мозокот на возрасен човек и да предизвика вистински хаос.Но , се работи за комплексна болест – катастрофална е за раниот развој на мозокот , додека кај мнозинството возрасни лица кои се заразени со вирусот , ретко се забележуваат видливи симптоми.Ефектите врз возрасниот мозок можат да бидат посуптилни , но сега знаеме што треба да барaме“ – вели Сујан Шестра , професор на Ла Јола Институтот за алергологија и имунологија и еден од коавторите на истражуваето.

„Кај посуптилните случаи вирусот теоретски може да има влијание врз долгорочната меморија или врз ризикот од развој на депресијата.Но , не постојат начини да се тестираат долгорочните ефекти на Зика вирусот врз популацијата на возрасните матични клетки“-Вели Глесон.
Епидемиологијата е сѐ уште во зачеток , така што е тешко може да се каже кои од овие ефекти ќе се случат.Научниците се надеваат дека повеќе вакви истражувања ќе бидат предупредување за ризиците кај илјадници луѓе кои веќе биле заразени со вирусот.