Луѓето кои носат очила се навистина попаметни од останатите?

СПОДЕЛИ

Луѓето кои носат очила, на прв поглед изгледаат како да се попаметни од другите, а според научниците, се чини дека тука има нешто повеќе отколку само впечаток.

Експертите од Универзитетот во Единбург ги објавија резултатите од обемниот проект, чија цел била да се открие кои гени точно влијаат на општата когнитивна функција, што е клучен показател на интелигенцијата. Еден од резултатите бил оној по кој луѓето со споменатата зголемена когнитивна функција, многу почесто осат очила или контактни леќи.

Научниците анализирале 300 486 лица на возраст од 16 до 102 години. Студијата е објавена во списанието Nature Communications.

Откриено е дека со интелигенцијата се поврзани вкупно 148 гени. Поинтелигентните луѓе за 30% почесто останатите носат очила или контактни леќи или се генетски предодредени да ги носат во иднина.

Но, тоа не се однесува на далековидност. Студијата покажала дека позитивната врска на интелигенцијата и видот се однесува само на луѓето со кратковидност.

Иако генерално односот помеѓу интелигенцијата и носењето на визуелни помагала е позитивен, луѓето со поголема когнитивна функција поретко се далековидни. Студијата исто така ја посочува врската помеѓу високата когнитивна функција и здравствените проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, хипертензија и депресија.

Заборавете на момент на генетиката бидејќи постојат многу истражувања кои покажуваат дека луѓето кои носат очила за околината изгледаат доста попаметно и посигурно. Во прашање е е само помагалото за вид, туку симболот за интелигенција во денешниот свет.

Во некои компании клиентите повеќе им веруваат на лицата кои носат очила, бидејќи влеваат доверба и изгледаат попрофесионално. Исто така, во едно испитување 40% испитаници се изјасниле дека би носеле наочари со цел да добијат одредена работа.

Дискусија

Коментари

СПОДЕЛИ