„Maчо“ мажите преферираат луто

Научниците тестирале дали преференцијата на зачинета храна е поврзана со нивото на тестостерон кај мажите. И секако, мажите со највисоко ниво на тестостерон, биле најголеми фанови на чили сос. Тука се наметнува прашањето, дали истото важи и за жените.

Детали на истражувањето

Бил анализиран односот помеѓу зачинетата храна и ендогениот тестостерон. Вклучени биле 114 мажи на возраст од 18 до 44 години. Тие требало да ги одредат нивните преференции во врска со зачинета храна, а потоа биле замолени да дегустираат пире од компири со бибер сос и сол (контролна супстанција) и да ја оценат зачинетоста.

Корелацијата помеѓу ендогениот тестостерон и количината на лут сос кои лицата доброволно и спонтано го додавале во храната била позитивна. Спротивно на тоа, не биле забележани значајни корелации меѓу тестостеронот и солената храна.

Се разбира, овој наод се соочува и со критики. Една од нив е дека толеранцијата на луто помага во одржувањето на репутацијата на цврстина. Мажите го знаат тоа, па најверојатно би прифатиле „чили“ или било каков друг предизвик за да ја покажат својата машкост.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: