Малите главици од црвена зелка го намалуваат „лошиот“ холестерол

Малите главици од зеленчук се многу популарни, како во рестораните, така и во домашните градини. Тие додаваат боја и помагаат да се интензивира вкусот на старите рецепти и богати се со хранливи материи.

Едно ново истражување, објавено во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, кое било спроведено на глувци, покажува дека малите главици од црвена зелка помагаат да се редуцираат ризик факторите за развој на кардиоваскуларни болести и намалување на тежината.

Микроглавиците претставуваат кревки, незрели растенија и билки, за кои е потребно уште една до две недели  да зреат, за да бидат спремни за берба. Сѐ поголем број истражувања укажуваат дека малите главици се многу покорисни од нивната зрела варијанта.

download

Бидејќи во претходни истражувања беше докажано дека зрелата црвена зелка штити од висок холестерол, Томас Вонг и неговите колеги решиле да видат дали малите главици од црвена зелка имаат сличен, или можеби подобар ефект од големите главици.  

Тие направиле тестирање на глувци, кои биле модел за гојазност и имале тенденција за развој на висок холестерол и други ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања.

60 глувци биле поделени во две групи, кои биле ставени на различен начин на исхрана. Тие добивале храна која била или богата или сиромашна со маснотии, заедно со или без мали или зрели главици од црвена зелка. Се покажало дека исхраната и со мали главици и со зрела зелка довела до редуцирање на дебелеењето кај глувците кои биле на исхрана богата со маснотии. Но, истражувањето покажало дека малите главици од црвена зелка содржат повеќе полифеноли и глукозинолати, кои го намалуваат холестеролот од зрелите главици.

Малите главици, исто така помогнале да се намали и нивото на „ЛДЛ“- односно лошиот холестерол и триглицеридите кај овие животни.

Извор: „Top science“

Поддржете ја нашата работа: