Марс порано бил како Земјата

Кората на една планета е нејзиниот надворешен слој – она на што во моментов стоиме. А камењата во земјата ја сочинуваат континенталната кора. Сега, научниците велат дека откриле докази за ваква континентална кора на Марс, што претставува сосема ново откритие. Научниците досега сметаа дека Земјата е единствената планета со континентална кора, бидејќи обично е потребно долго време и активна планета за полесните карпи да се кренат на површината и да ја формираат кората.

Научниците користеле податоци од вкупно 22 примероци на карпи од Марс. Научниците се надеваат дека ова откритие ќе им помогне да ја разберат историјата на Марс како планета, како и составот на оние делови од планетата кои се’ уште не се истражени.

Истражувањето е објавено во „Nature Geoscience“.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt