Машки наспроти женски оргазам

За повеќето од нас, прашањето како спротивниот пол доживува оргазам е една од најголемите мистерии на животот. И додека нашата страна е добра, тешко е да не се запрашме дали можеби другата страна е подобра!?

Како што ни објаснува видеото на „AsapSCIENCE“, постојат еден куп на различни фактори кои можат да придонесат на тоа како го дефинираме „подоброто“ во дебатата за машки наспроти женски оргазам.

Додека жените имаат многу подолг оргазам од околу 20 секунди или повеќе, повеќето мажи имаат само 3 до 10 секунди. Но, дали подолго значи и подобро, особено кога не се доживува толку често?

Истражувањата покажуваат дека мажите ги доживуваат своите 3 до 10 секунди во 95% од сексуалните средби, додека за жените оваа статистика се намалува на 69% од средбите. Па прашањето е дали повеќе би сакале пократок оргазам доколку тоа значи дека сигурно ќе го доживеете, или пак за некои работи вреди да се чека?

Поддржете ја нашата работа: