7 факти за машкиот оргазам

1. Честите ејакулации може да го намалат ризикот од рак

Едно ново истражување презентирано на годинешното собрание на Американското здружение на уролози во Њу Орлеанс, покажува дека мажите кои често ејакулирале (околу 21 пат месечно), го намалиле ризикот од појава на рак на простата за 20%.

Доктор Џенифер Рајдер, авторот на истражувањето, тврди дека ова најверојатно се должи на ослободувањето на хормони, како што е окситоцинот, за кој е докажано дека го намалува крвниот притисок.

Затоа, не го одбивајте партнерот – чисто од здравствени причини.

2. Првата сперма е најдобра

Според истражувачите од клиниката „Ginemed Assisted Human Reproduction“, има значителна разлик помеѓу првиот и вториот ејакулат. Сперматозоидите од првиот ејакулат носат подобра ДНК, и се помногубројни и поподвижни.

Кога мажот ејакулира, во посебни контракции се исфрлат различни бранови на сперма. Научниците веруваат дека спермата од првиот бран е со подобар квалитет од втората, затоа што првиот бран е наменет да ја оплоди јајната клетка.

3. Оргазмот за време на секс е подобар

За ова не ви треба наука за да го знаете, но научниците сепак се потрудиле и тоа да го докажат. Нивните наоди покажале дека оргазмот за време на секс е значително подобар од оној кога сте … сами со себе.

Едно истражување од 2006 година открива дека оргазмот за време на секс може да биде како земјотрес, бидејќи тогаш се ослободува 400 пати поголемо количество на пролактин, отколку кога „возите соло“. Иако пролактинот е познат како хормон кој е поврзан со излачување на млекото, неодамнешните истражувања покажале дека ниското ниво на пролактин влијае и на машкото сексуално здравје и е поврзан со еректилните дисфункции.

4. Ејакулацијата е побрза од куршум

Добро, не е баш толку брза , но сепак е фасцинантно брза. Според „Men’s Health“, просечната брзина на машката ејакулација е 28 милји на час (околу 45 километри на час). И Јусејн Болт, со својата најголема измерена просечна брзина од 27, 79 милји на час би заостанал. Точно така, машката ејакулација е побрза и од најбрзиот човек на светот.

5. Машкиот и женскиот оргазам се послични отколку што се мисли

Излегува дека, според интензитетот и времетраењето, оргазмот не варира според тоа за кој пол се работи, туку оргазмот е различен кај различни луѓе. Во една студија објавена во „Psychology Today“ се тврди дека постојат две форми на оргазам. Првата форма, која  најчесто се случува, се состои од 6 до 15 контракции со висок интензитет, во период од 20 до 30 секунди. Втората форма се случува кај помал број на луѓе, кои после првичниот оргазам доживуваат невообичаени контракции кои траат од 60 до 90 секунди.

Значи ова варира од човек до човек, а не дали се работи за маж или жена.

6. Постои и „сув оргазам“

Сувиот  оргазам, или попознат како ретрограден оргазам, се случува кога спермата влегува во бешиката, наместо да излегува преку пенисот за време на ејакулцијата. Ова се случува како последица на некоја здравствена состојба која предизвикува мускулите кои го контролираат затворањето на бешиката да не функционираат кога се исфрла спермата. Кога се случува вакво нешто, оргазам се доживува, но многу малку или воопшто сперма не се исфрла. Сувиот оргазам не предизвикува некои други здравствени проблеми,  но повзан е со машката неплодност и обично се третира кога мажот сака да стане татко.

7. Мажите може да доживеат повеќекратни оргазми – само треба тренинг

„Everyday Health“, вели дека се невозможни повеќекратни оргазми кај мажите во периодот од просечно 30 минути после сексуалната активност. Сепак, некои мажи може да доживеат оргазам, без да ејакулираат, што според многумина е клучот за да се постигнат повеќекратни оргазми.

Има мажи кои успеваат да постигнат повеќекратни оргазми. Како? Со тренинг. Според „Men’s Health“, мажите можат да постигнат повеќекратни оргазми, преку контрола на нивото на тестостеронот, да применуваат сопствена верзија на Кегеловите вежби, или преку менување на положбата за време на сексот.

Поддржете ја нашата работа: