Науката за оргазмот

Во краткото видео, што може да го погледнете подолу, авторите Мичел Мофит и Грегори Браун објаснуваат што точно се случува во телото за време на оргазам.

Тие наведуваат дека сексуалниот одговор на телото типично се одвива во четири фази: возбуда, плато на возбудата, оргазам и резолуција (или завршен ефект). Главна улога овде игра мозокот.

Следејќи ја возбудата, мозокот го стимулира протокот на крв во гениталиите, работата на срцето и дишењето се забрзува, а централниот нервен систем е целосно ангажиран со испраќање на сигнали на задоволство до системот за наградување во мозокот.

Илјадници нервни завршетоци постојано испраќаат сигнали за задоволство до мозокот, што резултира со оргазам. Кај мажите оргазмот вклучува брза контракција на аналниот свингтер, простатата и мускулите на пенисот. Заедно со ејакулацијата кога се исфрла сперма и семена течност, целиот процес кај мажите вклучува три до десет секунди интензивно задоволство. По ова следи период на „пауза“ од неколку минути до неколку часа, кога не може да се постигне друг оргазам.

Кај жените, ваков период не постои, што им овозможува да доживеат повеќе последователни оргазми. Просечно тие траат околу 20 секунди (некогаш и многу подолго) и се состојат од ритмички контракции помеѓу матката, вагината, анусот и карличните мускули.

Истражувањата покажале дека за време на оргазмот се активираат одредени делови од мозокот, додека некои потполно се исклучуваат. Кај жените, привремено се исклучува латералниот орбитофронтален кортекс, за кој се знае дека е вклучен во расудувањето и контролата на однесувањето. Кај жените доаѓа и до активација на периаквадукталната сива материја која ја поттикнува реакцијата на акутен стрес, но, која не се активира кај мажите.

Истражувањата исто така покажале дека кај жените се намалува активноста на амигдалата и хипокапусот кои се поврзани со вознемиреноста и стравот. Ова придонесува за пост-оргазмичката опуштеност, што заедно со ослободувањето на окситоцинот и допаминот го создава целокупниот ефект на задоволство. Ова е причината зошто сексот се поврзува со намалување на стресот, поголема поврзаност помеѓу партнерите и чувство на среќа.

Интересно е да се напомене и едно истражување од 2008 година, каде истражувачите тврдат дека историјата на вагиналните оргазми кај една жена може да се одреди според нејзиниот од.

Подетално објаснување како делува оргазмот во телото, погледнете во видеото подолу.

Поддржете ја нашата работа: