Машко или женско?

Но дури и ултразвукот понекогаш не може со сигурност да го покаже полот на детето. За лемурите одговорот се наоѓа во мирисот на мајката.

Истражувачите од Универзитетот Дјук во извештајот од истражувањето, објавен во „Biology Letters“, истакнуваат дека женките лемури кои носат машко „бебе“ мирисаат различно од тие што носат женско.

Истражувачите зеле брис од гениталиите од 12  женки лемури пред и за време на бременоста. Овие примати со величина на мачка и со црно – бел опаш во вид на прстен, за време на бременоста продуцираат мирис сличен на мошус (што истражувачите на шала го нарекле “eau de lemur”).

Овој карактеристичен мирис е сложена мешавина од феромони и други хемикалии, коишто – како што е веќе покажано во претходни истражувања – ги пренесува информациите за полот на животното, фертилноста и други карактеристики.

Во последното истражување, хемиската анализа покажала дека стотиците состојки што го сочинуваат мирисот на секоја женка  се менуваат за време на бременоста. Бремените женки лемури испуштаат „полесни“ мириси, со помалку мирисни компоненти, во споредба со мирисот пред бременост. Оваа промена е многу поизразена кога женката носи машко „бебе“. Истражувачите откриле дека овие промени се во корелација со промените на нивото на хормоните во крвта.

„Не се знае зошто женките лемури за време на бременоста испуштаат „полесни“ мириси кога носат машко бебе. Можеби за продукција на овие компоненти потребни се ресурси кои се насочени на друго место кога се бремени, особено ако на женката и треба повеќе енергија кога носи машко, отколку кога носи женско бебе“ – велат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: