Зашто лемурите зеваат?

Елизабета Палаги од Универзитетот во Пиза, Италија заедно со нејзиниот тим го истражувала зевањето кај два вида на лемури од шумата Анкоба во јужниот дел на Мадагаскар.

Научниците не биле изненадени кога откриле дека лемурите зевале повеќе кога биле поспани и дека женките и мажјаците зевале подеднакво често. Но, се изненадиле кога откриле дека зевањето е поврзано со нивото на анксиозност. На пример, и двата вида лемури зевале почесто набрзо по опасноста од некој предатор.

Иако, кај некои животни, стресните ситуации се поврзуваат со зевањето, ова однесување најчесто е одложен одговор кој во лабораториски услови се јавувал 30 минути по стресната ситуација. Научниците сметале дека се случува кога животното ќе почне да се опушта.

Палаги смета дека истото се случува и кај лемурите, иако се случува непосредно по стресната ситуација, бидејќи животните во дивината се опоравуваат побрзо. Истражувањето е објавено во „American journal of Primatology“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt