Мраз на половите на Плутон

Вселенската сонда на НАСА е на пат кон џуџeстата планета, а за 14-ти јули е планирано блиско прелетување.(ЕНАУКА.МК –Запознајте го Плутон)

Сликите снимени од околу100 милиони километри оддалеченост, покажуваат области кои се различно осветлени. Иако се’ уште не можат да се забележат други структури на површината на Плутон, посебно внимание на научниците привлекува еден осветлен дел кој се појавува на исто место на сите слики. Тие се сомневаат дека тоа би можело да биде ледена површина на еден од видливите половите на Плутон.

Сондата „New Horizons“ е лансирана во 2006 година и до сега има поминатато 5 милијарди километри во вселената. Заради големата брзина со која патува, практично нема да може да влезе во орбитата околу Плутон кога ќе пристигне и ќе треба да собере што е можно повеќе податоци кога ќе поминува покрај ова 2 300 км. широко џуџе и неговите месечини.

Со ова ќе се комплетира „класичната деветка“, што значи дека сите девет планети од нашиот Сончев систем ќе бидат посетени барем еднаш од некое вселенско летало.

Сликите што досега се направени од „New Horizons“ служат главно за навигациони цели – да се осигураат дека сондата се наоѓа точно на предвидената траекторија.

Но, со зголемувње на резолуцијата на сликите тие сѐ повеќе се користат и за научни проучувања. Од 28 мај, леталото секојдневно ќе испраќа слики, а на големо задоволство на „вселенските“ фанови, тимот на мисијата има намера да ги објави сите на јавна веб –страна.

 


Засега, научниците можат само да шпекулираат кои се причините за различно осветлените делови што се појавуваат на сегашните слики. Овие посветли и потемни делови може да имаат врска со геологијата на површината, разлики во составот, или можеби се само промени во топографијата.

Преку телескопски опсервации во 1980 –тите, научниците забележале дека Плутон има ретка атмосфера составена главно од азот. Очекувањата се дека гасната обвивка во одредени сезони снежи на површината од планетата, со што создавањето на ледени поларни површини е реална можност.

Опсервацијата што „New Horizons“ ќе ја направи во јули, дефинитивно ќе покаже дали се работи за ваков случај.

Поддржете ја нашата работа: