Колку брзо се менува магнетото поле на Земјата?

Магнетното поле на Земјата кое не’ штити од штетните соларни ветрови и космичката радијација се менува – на некои делови станува посилно, а на некои послабо.

Иако се невидливи, овие промени можат да имаат големо влијание – флуктуацијата веќе ја менува локацијата на магнетниот Северен пол и може да одреди на кој начин случувањата во вселената, како што се соларните бури, ќе влијаат на нас во иднина.

Благодарение на едно ново истражување, научниците велат дека знаат што ги предизвикува овие промени и како да ги предвидат идните промени.

Ова не е прво истражување што покажува дека магнетното поле на Земјата се менува, а во последните неколку години стана јасно дека оваа невидлива заштита на нашата планета станува се’ послаба и послаба.

Според најдобрите проценки на научниците, магнетното поле слабее 10 пати побрзо отколку што првично се мислеше, губејќи приближно 5 проценти од својата сила секоја деценија. Но, тие не беа сигурни зошто и како ова ќе влијае на нашата планета.

Едно од најверојатните објасненија за она што сега се случува е дека нашите магнетни полови се подготвуваат за реверзија (да се свртат) – нешто што се случува отприлика на секои 100.000 години. Ова звучи многу позастрашувачки, отколку што навистина е. Не постојат докази дека животот на Земјата страдал кога ова се случило во минатото и најверојатното влјание ќе биде тоа што нашите компаси со време ќе покажуваат југ, наместо север.

shutterstock_272070311

И покрај генералната порака дека нема место за паника, научниците знаат релативно малку за нашето магнетно поле, па затоа Европската вселенска агенција во 2013 година лансираше три сателити наречени „Swarm“, што го мерат магнетното поле на Земјата преку сигналите што доаѓаат од земјината кора, земјината обвивка (мантија), од јадрото, од океаните, јоносферата и магнетосферата.

Врз основа на овие податоци и податоците од другите сателити, направена е досега најјасна карта за тоа колку точно се менува нашето магнетно поле, каде слабее, а каде се појчува и што е најважно, точно открива со која брзина се одвиваат овие промени.

Податоците беа презентирани минатата недела на годинешниот симпозиум „Living Planet“ во Прага, каде истражувачите од Европската вселенска агенција покажаа дека земјиното магнетното поле, од 1999 година ослабнало за околу 3,5 проценти над Северна Америка, но зајакнало за околу 2 проценти над Азија, во текот на истиот временски период.

Најслабиот дел од магнетното поле – Јужноатлантската аномалија, која се протега над Јужна Америка, постојано се поместува западно во последните седум години и е ослабено за околу 2 проценти. Покрај тоа, Северниот пол прилично брзо се поместува источно кон азискиот континент.

Овие промени може да се видат на анимацијата подолу. Црвеното покажува силно магнетно поле, додека синото покажува слабо магнетно поле.

Исто така може да се види каде промените се забрзани (црвено) и каде се успорени (сино) во периодот помеѓу 2000 и 2015 година.

Зошто се случуваат овие промени?

Се смета дека  земјиното магнетното поле е продуцирано од огромното количество стопено врело железо што го сочинува надворешното земјино јадро, што се наоѓа на околу 3.000 км под површината. Овој течен вртлог делува како динамото кај велосипедите, создавајќи енергија која го контролира магнетното поле околу планетата.

Меѓутоа, иако долго време постои хипотезата дека ова јадро е одговорно за промените во магнетното поле, ова е прв пат истражувачите истовремено успешно да ги обележат тие промени и во течното железо во внатрешноста на планетата и во полето што ја опкружува, а резултатите покажуваат дека тие се цврсто поврзани.

Податоците од „Swarm“ сега ни овозможуваат да направиме детална карта на промените на земјиното магнетно поле, не само на површината на Земјата туку и од внатре од   нивниот извор во јадрото. Неочекувано, откривме дека брзите локализирани промени се резултат на забрзувањето на течниот метал што се наоѓа во јадрото“- објаснува Крис Финли од Данска, водачот на овој проект.

Истражувањето сѐ уште не ја поминало научната евалуација, но ако резултатите се потврдат, тоа би значело дека конечно имаме неколку цврсти докази за тоа кој ги предизвикува промените што сега ги гледаме, а тоа може да помогне да се предвиди што ќе следува понатаму. На пример, колку треба да не загрижува следната голема соларна бура.

Истражувањето исто така може да помогне да се разбере зошто севкупно слабее магнетното поле на Земјата и како тоа ќе влијае на нас во иднина.

Поддржете ја нашата работа: