Материјал кој овозможува ладење на кровови и објекти без да троши енергија

Топлината во лето станува речиси неподнослива во последно време без употреба на клима уред. Околу 6% од електричната енергија во САД се троши на клима уредите, а со очекуваниот развој на Бразил, Кина, Индија и други земји, овој процент ќе продолжи да расте.

Покрај тоа што е скапа употребата на клима уреди, тие ослободуваат стакленички гасови – јаглерод диоксид, како последица на согорување горива и хидрофлуорокарбонати кои се користат како разладни гасови.

Јапонските научници Ксијаобо Јин и Јанг Ронгуи, пронашле алтернатива во тенката обвивка која, поставена на кровови од куќи и згради може да спречи греење без да користи енергија.

Материјалот го користи пасивното ладење на телата преку процесот на природна емисија на топлината во вид на инфрацрвена радијација, со што самите се ладат без дополнителна енергија, додека во исто време ги рефлектира надворешните инфрацрвени зраци и не дозволува дополнително загревање.

Престирката е изработена од полиметилпентен, проѕирна пластика позната под името ТРХ и зрна од стакло вградени во неа. Таа комбинација од материјали ја развлекле до дебелина од 50 микрони, и ја посребриле на едната страна. Поставена на начин на кој посребрената страна е на долниот дел, топлината се рефлектира и спречува загревање на просторијата.

Престирката со површина од 20 m² е доволна да се задржи топлината во одредена просторија на 20˚C додека надворешната температура е 37˚C, а трошоците за производство се изненадувачко ниски.

Оваа технологија може дополнително да биде искористена и за ладење на соларните панели, кои губат дел од својата ефикаснот поради загревањето на самите панели. Со нанесување на тенок филм од овој материјал, тие успеале да добијат дополнителни 1-2% ефикасност на соларен панел и сето тоа без никаква дополнителна енергија или користење на вода, како што е практика во моментов.

Поддржете ја нашата работа: