Материјалните работи не прават посреќни?

Среќата со пари не се купува, но со пари може да се купи совршен подарок што ќе ве направи среќни – барем така вели едно неодамнешно истражување спроведено од Универзитетот во Британска Колумбија.

Во истражувањето што беше објавено во „Social Psychological and Personality Science“, истражувачите покажуваат дека, спротивно на она што го покажале некои други истражувања, купувањето на материјални работи ги прави луѓето посреќни отколку нематеријалните искуства.

„Одлуката да се купи нешто материјално или да се доживее некакво искуство, зависи пред се’ од тоа каков вид на среќа еден човек посакува. Да речеме дека за празнициве еден купувач треба да реши дали да купи нов кауч за својата дневна соба или карта за концерт. Концертот ќе му донесе интензивна возбуда во една извонредна вечер, но тука завршува и веќе нема да му пружи моментална среќа, единствено ќе остане среќно сеќавање. Новиот кауч нема да предизвика возбудлив момент како концертот, но на сопственикот ќе му обезбедува удобност секој ден во текот на летните и зимските месеци“- објаснува истражувачот Арон Вајдман коавтор на студијата.

541c46daa0761Еве како Вајдман и неговата колешка Елизабет Дан дошле до заклучок дека материјалните работи ги прават луѓето посреќни од искуствата:

Тие им дале по 20 долари на 67 учесници во истражувањето и од нив било побарано да купат нешто материјално или да ги потрошат на некое искуство, за кое веруваат дека ќе ги направи среќни. Четири пати дневно, во текот на две недели, учесниците требало да одговорат на серија прашања дизајнирани да го евалуираат нивото на нивната среќа. Тоа им овозможило на истражувачите да добијат увид на нивото на среќа на учесниците во реално време што го предизвикува купувањето на материјалните работи во споредба со интензитетот на моментална среќа што ја добиваат од искуството.

Меѓу материјалните работи што ги купиле учесниците биле звучници, апарати за кафе и слично, додека во искуствата биле вклучени викенди одмор, карти за хокеарски натпревар и подарок картичка за спа центар. Истражувачите откриле дека купените материјални работи ги правеле луѓето среќни секој ден, додека доживеаните искуства предизвикале интензивна моментална среќа, која со време се намалувала. Крајниот заклучок на истражувачите бил дека купените материјални работи предизвикуваат поголемо долготрајно чувство на среќа од она што може да го постигне доживеаното искуство.

Does+shopping+make+us+happyЕдно друго неодамнешно истражување пак, направено од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот во Торонто, го тврди спротивното. Истражувачите во ова истражување дошле до заклучок дека нематеријалните работи ги прават луѓето посреќни. Една од причините зошто искуствата се подобри, велат тие, е затоа што на сеќавањето секогаш може одново да се навратите, додека луѓето се адаптираат на материјалните работи многу брзо. Материјалните работи ги гледате секој ден, па така тие ја губат убавината на новото, додека сеќавањата, кога и да се навратиме на нив се секогаш подеднакво убави и сјајни.

Па, што мислите вие?

Поддржете ја нашата работа: