…но не поради алтруизам.
Новата студија вели дека луѓето со пониска финансиска сигурност почесто ги делат парите со други.
Научниот тим од еден лондонски универзитет спровел социјален експеримент. Сакале да дознаат до кој степен богатството може да влијае на нечија великодушност.
На оние кои учествувале им бил доделен понизок или повисок статус кој бил одреден со износот на пари кој го добиле од научниците. Во текот на експериментот учесниците морале да одлучат колку пари сакаат да задржат за себе, а колку да остават во заедничката каса која ќе се дели со другите.
Студијата, објавена во списанието Basic and Applied Social Psychology покажува дека испитаниците со доделен понизок статус ставале повеќе пари во заедничката каса.
Исто така, поединците со висок статус, кои парите ги стекнале со сопствени напори, а не по случајна среќа имале помала веројатност да ја покажат својата великодушна природа.
“За луѓето од повисок статус, начинот на кој дошле до пари, било тоа да е случајност или со сопствени напори, тогаш бил клучен фактор за одредување на нивото на соработка. Со луѓето со понизок статус тоа не било случај. Начинот на кој дошле до тие пари не им правел разлика за соработка”, објаснува Магда Осман, автор на студијата.
Д-р. Осман објаснува и дека иако оние кои парите ги стекнале со големи напори имале поголема веројатност да ги задржат за себе, луѓето со понизок статус ссоработувале со другите со цел да го зголемат своето богатство.
“Кога имате ограничен статус, очигледната стратегија е да ја зголемите сумата на пари преку соработката со другите”, вели таа. “Важно е дека дури и кога некое лице дејствува кооперативно, нема причина да се верува дека тоа е исклучиво од несебични причини”.
Клучниот резултат на експериментот е фактот дека тие со “понизок статус” се подготвени да преземат многу поголеми ризици со ставање пари во заеднички пари, бидејќи тие немале гаранција дека другите ќе го сторат истото.
Исто така, тимот забележа дека емпатијата немала никакво влијание врз одлуките на учесниците за време на експериментот. “Друго изненадувачко откритие беше дека емпатијата немаше влијание врз просоцијалното однесување, односно ставајќи пари во заедничката каса”, вели д-р Осман.