Мажи, носете боксерки!

Според резултатите од една неодамнешна студија, спроведена од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, кај мажите кои преку ден носеле боксерки, а за време на спиењето не носеле долна облека, било забележано значително помало ниво на оштетување на ДНК во нивната сперма. За потребите на истражувањето, во период од една година биле опфатени 500 мажи, кои се обидувале да станат родители. Истражувачите откриле дека мажите кои носеле боксерки преку ден и воопшто не носеле долна облека ноќе имале за 25% помалку оштетувања на ДНК на нивната сперма, во споредба со мажите кои носеле тесна долна облека и преку ден и ноќе.

Иако истражувањето е направено на релативно мал примерок, тоа претставува уште еден доказ дека навиките за носење комотна долна облека може значително да придонесат за машката плодност. Според тоа, идните татковци или воопшто мажите што се грижат за здравјето на својата сперма би требало да се определат за носење комотна долна облека (или воопшто да не носат), бидејќи со тоа ја штитат својата репродуктивна моќ.

Истражувањето e презентирано на состанокот на Американското здружение за репродуктивна медицина во Балтимор.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.