Медитацијата и јогата можат да го намалат стресот на клеточно ниво

Веќе одамна знаеме дека медитацијата, јогата и Таи Чи можат благотворно да делуваат врз стресот, а сега имаме и официјална потврда за нешто многу повеќе од тоа. Најновата студија покажува дека наведената активност може да го промени дури и молекуларниот одговор на ДНК на стресот, а кој може да предизвика различни здравствени проблеми.

Истражувањето на еден британски тим на научници од Универзитетот Coventry Radboud, под водство на психологот Ивана Буриќ, покажало дека одредена вежба може да ја промени експресијата на гените кои се поврзани со лошото здравје и депресија предизвикана од стрес.

Новата студија е објавена во списанието Frontiers in Immunology, а авторите на студијата пишуваат дека постојат многубројни потврди за ефикасноста на интервенција ум-тело (MBIS) во задачата за подобрување на физичкото здравје, а на тоа се додава и дека молекуларните механизми кои ги предизвикуваат таквите исходи сеуште не се детално истражени.

Тимот, во медицинската база на податоци од истражувањето PubMed. успеал да пронајде и анализира 18 објавени студии спроведени од 2005та до 2014та година, и тоа на 846 испитаници. Биле истражени биолошките ефекти од вежбите на јога, медитација и Таи Чи, посебно од вежбата за дишење. Резултатите покажале дека овие вежби ја потиснуваат експресијата на гените и генските патишта кои учествуваат во процесите поврзани со стресот.

Во заклучокот на студијата, тимот нагласува дека анализата покажала дека вежбите ги уништуваат промените настанати во транскриптомот, односно во сетот на РНК молекулите поврзани со стресот. Со ова всушност се потиснува ефектот на стрес врз имунолошкиот систем.

Иако повеќето гени поединечно искажуваат помали ефекти, генерално може да се утврди дека гените и патиштата кои посредуваат воспаленија биле потиснати. Тој ефект е забележан во повеќе студии, 81 отсто, кои ја насочиле активноста на гените поврзани со воспалителните процеси, како и факторот NF-κB (кој делува како прекинувач за генска експресија).

Милиони лица на светот веќе ги уживаат добрите ефекти од вежбите на јогата и медитацијата, незнаејќи всушност дека тие ефекти почнуваат на молекуларно ниво и го менуваат начинот врз основа на однесувањето на нивниот генетски код.

 

Поддржете ја нашата работа: