Меѓународна вселенска станица: Почна со работа кафематот „ISSpresso“

„ISSpresso“ е првиот кафемат за редовно користење во вселената, со цел да се подобрат севкупните услови за живот на астронаутите кои сѐ подолго престојуваат во вселената. Кафематот на екипажот ќе му служи за правење кафе, чај, супи и други топли напитоци, што е голем напредок во однос на инстант кафето што на екипажот му беше единствена опција последните десет години.

Овој уред тежок 20 килограми, пристигнал на МВС со вселенското летало „Dragon SpX-6“  и е резултат на соработката помеѓу Италијанската вселенска агенција, „Lavazza“- водечкиот италијански производител на кафе и „Агротек“ – фирма специјализирана за храна наменета за во вселената, како и за обука на астронаутите за мисиите во вселената. Оваа машина во вид на капсула е дизајнирана да работи што е можно поедноставно. Се вклучува во електричниот систем на станица и добива вода од кесите за вода што веќе се користат на станицата, која потоа се загрева и се пумпа низ капсулата во втората кеса со пијалокот наменет за конзумирање.  

За да се надополни чувството „како дома“, апаратот доаѓа со специјално изработени шолји кои овозможуваат течноста да остане внатре – дури и во услови на микрогравитација, што на астронаутите им овозможува да го почувствуваат мирисот на свежо италијанско кафе. 3Д печатените шолји биле дизајнирани врз основа на математички модели и нивната употреба во вселенски услови ќе ги провери овие пресметки, кои би можеле да се применат и кај други системи, каде пумпите и активните механизми би можеле да бидат заменети со пасивен транспорт. Тоа би можело  потенцијално да се искористи и во дизајнирањето на идните вселенски летала.

„ISSpresso“ си го најде својот нов дом во „Node 1“ модулот од Меѓународната вселенска станица, каде после поставувањето бил приклучен на стандардното електрично напојување на станицата. По отстранување на заштитната обвивка и првичната активација на системот, екипажот можел да ужива во нивното прво вистинско кафе, после подолг временски период.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.