Меѓународната вселенска станица (МВС) – една од најголемите инженерски потфати во човечката историја, орбитира на 400 км. над Земјата од 1988 година, но се до 2-ри ноември 2000 година била без постојан човечки екипаж.
Кога првите астронаути пред 15 години пристигнале на МВС, таа се состоела само од три модули со големина на соба. Денеска, МВС претставува вселенска лабораторија со големина на фудбалско игралиште.
Потребна била соработка од неколку вселенски агенции и околу 100 милијарди американски долари за да се лансираат и состават сите делови на станицата. Станицата е составена од неколку модули кои зафаќаат 109 метри кога ќе се постават една до друга.
На ова неверојатно видео од НАСА, покажано е како е составена МВС. Првиот дел е лансиран во 1988 година, а последните големи додатоци биле направени во 2011 година.
Еве како изгледа внатрешноста на еден од модулите.
Во текот на овие 15 години на МВС се направени бројни експерименти, благодарение на кои научивме многу за вселенските патувања, за тоа какви промени се случуваат во човечкото тело во вселената и што е потребно за подалечни вселенски истражувања.
На овој график на НАСА прикажани се некои од најважните моменти од МВС во овие 15 години.
Вселенските агенции се обврзани да ја одржуваат МВС најмалку до 2024 година.
Извор:„Business Insider“.