Места на Земјата до кои тешко се стига

Модерните начини на патување го прават патувањето пријатно и се чини дека до секој дел од Земјата може лесно да се стигне.Но сепак на нашата планета има места каде човечка нога сѐ уште не стапнала, иако обиди постоеле.

Тимот на „RealLifeLore“, во своето ново видео направиле убава анализа и пресек за тоа како се менувало патувањето со текот на годините, како и за дестинациите до кои, за да стигнете сѐ уште претставува подвиг.

Островот Питкерн, прекуморска територија на Велика Британија се наоѓа во јужниот дел на Тихиот океан. Има само 49 жители, а од најблискиот населен остров го делат стотици километри. Како што се објаснува во видеото, ако сакате да се населите мoже да добиете бесплатно земјиште на овој тропски рај, но ова баш и не дестинација за одмор. На островот нема аеродром, па единствен начин да стигнете до таму е со брод, но и бродовите се многу ретки. Но, и пред да се качите на брод, ќе треба да издржите 24 часовен лет, за да стигнете до островот Мангарева во Француска Плинезија, а летови има еднаш неделно. Потоа следува уште 531 километри патување со брод, што е околу 32 часа, кој стига на Питкерн еднаш на три месеци.

Сепак, ова не е ништо во споредба со островите Кергелен, кои  се наоѓаат во Индискиот океан и кои се оддалечени неверојатни 3.300 километри од најблиската населена територија Мадагаскар.

На островот живеат само научници. Ни тука нема аеродром, па до него може да се стигне само со брод кој доаѓа четири пати во годината. Но, за разлика од Питкерн, патувањето со брод до овие острови трае цели шест дена и тоа откако ќе стигнете до остовот Реинион, југоисточно од Мадагаскар.

Некои од местата до кои е најтешко да се стигне во исто време се и многу опасни. На пример, планинскиот врв Анапурна во Непал на Хималаите. Досега таму стигнале 191 лице, а еден од четири што се обиделе починал.

Постојат и места  кои законски не е дозволено да се посетат, како што е  една од највисоките планини на светот  Гангхар Пуенсум  (7.570 m) во Бутан, но според  „RealLifeLore“, најнепристапна дестинација е  планината „ Muchu chhish“ во Пакистан. Досега никој не успеал да се качи на врвот на планината, а се обиделе само двајца луѓе. Висока е  7.452 метри и е исклучително стрмна.

Погледнете уште неколку интересни детали во видеото подолу.

Поддржете ја нашата работа: