Наскоро ќе може да купите билет за вселената

Федералната управа за авијација на САД (FAA) и издаде дозвола за работа на компанијата „Virgin Galactic“, што и овозможува да го користи леталото „SpaceShipTwo“ за  комерцијални летови.

Ова значи дека компанијата – која е во сопственост на милијардерот Ричард Брансон, ќе може наскоро да носи патници во вселената (за пари, се разбира), а можеби ќе биде и првата компанија што ќе го го направи тоа.

Покрај тоа што ќе ги направи патувањата легални, дозволата обврзува и да се исполнат одредени услови, пред да може „Virginal Galactic“ и практично да ги качи патниците во „SpaceShipTwo“. Леталото ќе биде подигнато од страна на „White Knight Two“ на височина од 90 километри.

„SpaceShipTwo“ леталото е дизајнирано да понесе двајца пилоти и шест патници и ќе се  подигне на височина од каде што патниците ќе можат да ја видат закривеноста на нашата планета.

Во суштина, овој модел на „вселенски туризам“ на компанијата „Virgin Galactic“ не се разликува многу од приватната компанија на извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, „Blue Origin“. И двете компании имаат цел да носат богати клиенти до работ на земјината атмосфера, со помош на летала што ќе се користат повеќекратно.

Ниедна од двете компании не понудила датум кога планираат да ги лансираат нивните први комерцијални летови, веројатно затоа што претстојат уште многу тестирања кои треба да ги поминат.

„Virgin Galactic“ ја добива оваа дозвола после две години откако со неуспех заврши тестирањето на претходната верзија на „SpaceShipTwo“, кога леталото експлодираше над Калифорнија, при што загина еден од пилотите, додека другиот беше повреден.

Едно вакво патување ќе чини  околу 250.000 долари, а досега околу 700 патници оставиле депозит за резервирвација на летот.

Да се надеваме дека колку повеќе компании ќе понудат слични услуги толку и цената ќе паѓа, што ќе овозможи повеќе луѓе да ја доживеат вселената од прва рака.
Погледнето го видеото подолу и видете како изгледа „SpaceShipTwo“.

Поддржете ја нашата работа: