Мистериозен пајак кој се камуфлира како исушен лист

Во кралството на животните, понекогаш, најдобрата стратегија е да се преправате дека сте нешто што не сте, без разлика дали за да го уловите пленот или да ги убедите предаторите дека не сте многу вкусни.

Токму ваква стратегија користи и еден нов вид на пајак кој научниците го фотографирале уште во 2011 година во Јунан, Кина, но дури сега потврдиле дека се работи за сосема нов вид. Ова е единствениот вид на пајак (досега откриен) чие тело неверојатно многу наликува на виснат, делумно пресушен лист.

Овие пајаци се многу ретки, со оглед на тоа што научниците успеале да откријат само два претставници, што значи дека се’ уште имаме многу да учиме за овој енигматичен имитатор на листовите. Тоа ќе биде особено тешко бидејќи научниците сметаат дека таинствените навики на овој мистериозен пајак, заедно со ноќниот живот, му овозможиле успешно да ги избегнува не само предаторите, туку и истражувачите.

https-2f-2fblueprint-api-production-s3-amazonaws-com-2fuploads-2fcard-2fimage-2f290511-2fleaf-mimicking-spider-02

Ова откритие е објавено на интернет на 11 ноември во „Journal of Arachnology“, но пајакот допрва треба да се опише и именува.

Поддржете ја нашата работа: