Почина најстариот пајак на светот на 43 години

Женката пајак крстач го надживеа претходниот рекордер, 28-годишната тарантула од Мексико, се наведува во студијата објавена во научното списание Pacific Conservation Biology Journal.

Ова истражување претставува животно дело на професорката Барбара Јорк Мејн, која сега има 88 години.

Женката пајак, од видот Gaius Villosus сепак не починала од старост, туку од каснување од оса.

Се верува дека пајакот преживеал толку години бидејќи цел живот го поминала во заштитена област, трошејќи минимална енергија.

“Според нашите сознанија, ова е најстариот пајак досега забележан, а неговиот долг живот ни овозможи да дознаеме повеќе за самото однесување и динамиката на животот на овој вид пајак”, објаснува Леанда Мејсон, на која професор Мејн и била ментор.

Пајаците крстачи вообичаено живеат меѓу пет и дваесет години. Додека женките целиот свој живот остануваат во близина на дувлото, мажјаците во зрелата доба заминуваат во потрага по партнерка. Не се опасни за луѓето, иако каснувањето може да предизвика болка и оток.

 

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.