Слики од неверојатни зраци на светлина кои делуваат како да се распрсуваат во вселената, и се појавиле во Онтарио, Канада, оваа недела се шират вирално на интернет. Луѓето ги споредуваат со нешто надвор од Стар Трек.
Да бидеме искрени, овој феномен изгледа како да се спуштаат марсовци на Земјата, Но без паника. Тука постои научно објаснување.
Фотографиите ги направил фотографот Тими Џо Елзинга во Норт Беј, Онтарио. Тој бил првично доста возбуден кога ги забележал овие столбови надвор, гледајќи преку прозорец доцна во ноќта.
Елзинга бил разбуден од страна на неговиот син во раните утрински часови на 6 јануари, кога го здогледал ова лудо светлосно шоу кое го објаснува како “светлечки зраци кои трепкаат на небото”. Температурата во тоа време била околу –18°C.

“Тоа беше чудесно. Мојата сопруга се разбуди и направи една фотографија. Но, за мене тоа не беше доволно, морав уште да истражувам,” вели Елзинга.
“Го отворив прозорецот од бањата и го зедов фотоапаратот за да можам да направам повеќе фотографии. Беше навистина ладно. Најпрво мислев дека она што го гледам е ефект од поларната светлина, но набрзо сфатив дека има нешто повеќе локализирано во мојата област,” додава тој.
“Се чинеше дека столбовите излегуваат од Земјата на многу места.”
Што всушност се случило?
Светлата се всушност прилично чест атмосферски феномен наречен “светлечки столбови”. И покрај тоа што се слични на аурора, тие не се поврзани со поларната светлина, која е предизвикана од наелектризирани честички од вселенските атоми во горниот дел на атмосферата од Земјата, предизвикувајќи ги да ослободуваат спектакуларна светлина.
Наместо тоа, светлечките столбови се јавуваат на најниски температури кога шестоаголните ледени кристали се формираат. Кога се во прашање овие шестоаголни кристали, тие се формираат во колектив, големо огледало кое одразува секаков вид извор на светлина, нешто како светлата од автомобилите или доколку го гледате градот оддалеку навечер.
Тоа звучи малку контрадикторно, бидејќи изгледа дека овие столбови зрачат до небото. Но во реалноста, се случува спротивното – светлината која патува во просторот се рефлектира назад долу на Земјата, создавајќи илузија на столб.
Светлечките столбови се оптички феномен, кој му припаѓа на семејството на ореол, бидејќи тоа е предизвикано од интеракцијата на светлината со ледени кристали.
Оваа фотографија е мал пример, за тоа како природата обично умее да биде повеќе спектакуларна од било што, за кое би можеле да сонуваме во научна фантастика.
Во продолжение, погледнете како е да се спие во вакво игло, под ефект на поларна светлина.



























