Млечниот Пат е многу поголем отколку што мислевме

Новото истражување од институтот „RPI“ на приватниот истражувачки универзитет во Трој, Њујорк сугерира дека нашата галаксија е околу 50 проценти поголема отколку што мислевме, опфаќајќи 150 илјади светлосни години, наместо 100 илјади колку што е општо прифатено.

Како е можно дури сега да откриеме дека цело време сме ја грешеле нејзината големина? Изгледа дека она што научниците мислеле дека се концентрични прстени на ѕвезди околу центарот на нашата галаксија, всушност се концентрични бранови, што значи дека галаксијата не завршува онаму каде што научниците сметале, туку всушност се бранува, оди нагоре-надолу“, истакнуваат научниците од институтот.

 


„Во суштина, откривме дека дискот на Млечниот Пат не е само прав мазен диск со ѕвезди, туку е брановиден“, велат д-р Хејди Њуберг, водачот на истражувачкиот тим.

Истражувањето, објавено во „The Astrophysical Journal“, се заснова на внимателна анализа на податоците од „SDSS“ , збир на астрономски набљудувања од опсерваторијата „Apache“ во Ново Мексико, при што е направена најдеталната три-димензионална слика на универзумот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt