Сепак, интровертноста е неверојатно широко распространета, социјално поволна и потребна. Таа го дава примерот на „Apple“, односно гласниот Стив Џобс и тивкиот повлечен креативец Стив Возниак, кој беше исто толку неопходен во изградбата на компанијата.
„Најважните институции, нашите училишта и нашите работни места, се дизајнирани главно за екстровертите и нивната нагласена потреба од стимулации. А исто така имаме систем на верување во моментов што јас го нарекувам ново групно мислење, кој смета дека креативноста и продуктивноста доаѓаат од гласен чопор…Има нулта корелација помеѓу способноста да се биде добар говорник и да се имаат одлични идеи“-истакнува Каин.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.




























