Моќта на потсвеста

Сигмунд Фројд, таткото на современата психологија, сметал дека потсвеста го извршува поголемиот дел од секојдневните активности без да сме свесни за тоа. Додека сме целосно свесни за тоа што се случува во свесниот ум, немаме никаква претстава за тоа какви информации се зачувуваат во несвесниот ум. Фројд сметал дека некои од тие потиснати сеќавања во потсвеста може да се откријат преку анализа на соништата.

Несвесниот ум навистина влијае на начинот на кој се однесуваме. На пример, има поголема веројатност да возиме побрзо ако претходно сме читале нешто, на пример за гепардот. Едно истражување од 2008 година го потврдува сето тоа. При истражувањето, учесниците кратко држеле топол или ладен пијалок и потоа требало да го опишат карактерот на некој измислен лик врз основа на неколку факти напишани на лист хартија. Оние кои држеле ладен пијалок го опишале ликот како многу поладен и себичен. Покрај тоа, едно друго истражување од 2012 година, покажало дека луѓето можат да процесираат кратки реченици и да решаваат равенки пред да се свесни за зборовите и бројките кои ги гледаат. Сето тоа укажува дека моќта на потсвеста е поголема отколку што мислиме.

Погледнете го видеото каде Патрик Грациози објаснува како потсвеста може да влијае на нашето однесување, и дури може да содржи и потиснати сеќавања кои се премногу болни или мачни за да се соочиме со нив.

Поддржете ја нашата работа: