„TED“ видеа кои покажуваат колку е неверојатен човековиот ум

Секоја секунда и секој ден ние го користиме нашиот мозок, но слободно можеме да кажеме дека никој не разбира како тој точно функционира. Дури и психолозите и невролозите често се збунети од начинот на кој размислуваме или се однесуваме.

Некои од тие истражувачи се појавиле на сцената на „TED“ за да зборуваат за одредени прашања кои ги оставиле без сон. Следниве 10 „TED“ разговори се едни од најпровокативните во колекцијата на „TED“, кои навистина ќе ве поттикнат да размислувате и ќе ве донесат еден чекор поблиску до разбирањето на тоа кои сте и кои можете да бидете.

1. Тали Шерот: Вашата инхерентна пристрасност кон оптимизамот е меч со две острици.

Таа е невролог и заедно со своите колеги успеала да го намали оптимизамот кај луѓето со контролирање на одредени области од нивниот мозок.

2. Ден Арили: Имате помалку контрола врз вашите одлуки отколку што мислите

Во своето видео, Ден објаснува дека ние сме неверојатно подложни на надворешни влијанија.

3. Шина Ајенгар: Слободата на избор не е секогаш зајакнувачка

Ова видео истакнува како нашите верувања за изборот се обликувани од нашата културна средина и како е погрешно да претпоставиме дека секој ужива во тоа да избира сам.

3. Даниел Канеман: Вашата среќа во голема мера зависи од вашата меморија

Според него, секој поединец е поделен на две личности од кои едната ги доживува, а другата ги памети работите. Разликата помеѓу овие две личности е клучна за разбирање на човековата среќа.

5. Ден Гилберт: Немате поим што ќе ве прави среќни за 10 години

Според него, ние не сме свесни колку нашите вредности и карактери се менуваат со текот на годините.

6. Керол Двек: Има моќ во тоа да верувате дека може да постигнете нешто

7. Филип Зимбардо: Вашата перспектива за времето е главен фактор за вашата среќа

8. Бен Ембриџ: Поголемиот дел од она што го знаете за човечкиот ум е погрешно

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=ce31WjiVcY0

9. Тим Харфорд: Не се спротиставувајте на непријатностите – тие може да ве направат попродуктивни

10. Брајан Литл: Не постои такво нешто како целосно стабилна личност

Поддржете ја нашата работа: