Прв доказ кој покажува дека ЛСД произведува повисоко ниво на свест

Група на научници од Кралскиот колеџ во Лондон ги објави резултатите од истражувањето кое може да придонесе при развој на нова терапија при депресија и други ментални проблеми. И сето тоа со помош на психоделични дроги.

Во нивната статија објавена во списанието Nature, тие докажуваат дека ги пронашле првите докази дека психоделичните дроги навистина доведуваат до повисоко ниво на свесност, односно она што го тврделе хипиците во своето време, притоа оправдувајќи ги своите жестоки шеги, како на пример со ЛСД или со псилоцибин, кои се активни состојки на магичните печурки.

Токму овие две дроги, и нималку наивниот кетамин, познат под името “дрога за силување”, при нивна употреба се покажа дека доведуваат до мали зголемувања на електромагнетните импулси во мозокот.

Научниците за секој случај напоменуваат дека високото ниво на мозочна активност под влијание на овие дроги не значат дека таквата мозочна активност е воедно и добра, туку просто е различна.

“За време на психоделична состојба, електричната активност на мозокот е непредвидлива и помалку интегрирана отколку што тоа е случај во будна состојба”, вели Анил Сет за Independent.

Тој заклучува дека психоделичното искуство навистина се покажува како “повисока состојба на умот”, но само во однос на математички изразени вредности, а не зборува за практичен квалитет на таквата активност на мозокот.

За практичните вредности на ваквото истражување, Робин Харис од научниот тим вели: “Деталното истражување на овие дроги привлекува се поголемо внимание, меѓу останатите и поради терапевтскиот потенцијал кој овие дроги можат да го дадат кога се користат внимателно и под строг лекарски надзор.”

“Луѓето под психоделични дроги често наведуваат дека под такви услови се стекнуваат со искуство на посебен увид во самите себе, и ако тоа се случи во контекст на третман, тогаш и може да се обезбеди некаква корист од тоа. Она што ние сега го откривме, може да ни помогне да разбереме точно како сето тоа се случува”, додава Харис.

Поддржете ја нашата работа: